ПРВ.мк
Црна Хроника

Црна вечер на патот Кичево – Македонски Брод: Загина 75-годишен маж

Црна вечер на патот Кичево – Македонски Брод: Загина 75-годишен маж

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила синоќа на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, при што едно лице загинало, а три лица биле повредени.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 31 август околу 20 часот во ОВР Кичево.

Се судриле патничко возило „мазда“, управувано од Д.С. (75) од Кичево, и „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од А.С. (75) од кичевското село Преглово.

Од повредите здобиени во несреќата, возачот на „хјундаито“ починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Возачот на „маздата“ се здобил со тешки телесни повреди.

Повредени биле и двајца сопатници од „хјундаито“ – 15-годишен малолетник од Преглово и А.А. (21) од Пласница. Нивните повреди биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.

Причините и околностите под кои дошло до судирот дополнително се утврдуваат.