ПРВ.мк
Црна Хроника

ЦРН ДЕН НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА: Загина возач во сообраќајка!

ЦРН ДЕН НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА: Загина возач во сообраќајка!

Едно лице го загуби животот, а уште тројца луѓе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат меѓу Кичево и Македонски Брод.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 20 часот во ОВР Кичево. Во неа учествувале две патнички возила – „мазда“, управувана од 75-годишниот Д.С. од Кичево, и „хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, зад чиј волан бил 75-годишниот А.С. од кичевското село Преглово.

По судирот, на местото на несреќата биле преземени мерки за укажување помош и утврдување на состојбата на учесниците.

За жал, возачот на „хјундаито“, А.С., им подлегнал на здобиените повреди. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, кој пристигнал на местото на настанот.

Во несреќата бил повреден и возачот на „маздата“. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на лекарски преглед и понатамошно лекување.

Повредени биле и двајца сопатници кои се наоѓале во „хјундаито“. Станува збор за 15-годишен малолетник од село Преглово и 21-годишниот А.А. од село Пласница.

Кај двајцата биле констатирани телесни повреди. По укажаната медицинска помош, тие биле згрижени во Медицинскиот центар во Кичево и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По несреќата на местото бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.

Надлежните продолжуваат со утврдување на сите околности и причините кои довеле до тешката сообраќајна несреќа на патниот правец Кичево–Македонски Брод.

Најнови вести