ПРВ.мк
Македонија

Злато за Македонија во Таранто: Матеј Белистојаноски го декласира Хрватот во финалето

Злато за Македонија во Таранто: Матеј Белистојаноски го декласира Хрватот во финалето

Голем успех за македонскиот спорт на Медитеранските игри во Таранто. Каратистот Матеј Белистојаноски го освои златниот медал во категоријата до 67 килограми, носејќи ѝ го на Македонија првото златно одличје на Игрите.

Белистојаноски имаше одличен настап во текот на целиот турнир и запиша четири победи на патот до највисокото место на победничкиот пиедестал.

Во финалната борба македонскиот репрезентативец беше убедлив против Хрватот Боран Берак, кого го совлада со високи 6-0 и го завери златниот медал.

Претходно, во полуфиналето Белистојаноски славеше против грчкиот претставник Балиотис со 5-1, додека во четвртфиналната пресметка беше подобар од Италијанецот Мареска со 2-0.

Со четири последователни победи, македонскиот каратист го заокружи одличниот настап во Таранто и го донесе првото злато за Македонија на овие Медитерански игри.