Трагичен настан се случи денеска во село во близина на Пеќ, Косово, каде животот го загуби тригодишно дете.
Според првичните информации, несреќата се случила во дворот на семејната куќа. Се сомнева дека во еден момент врз детето паднала порта и го пригмечила.
Во трагедијата настрадало дете од семејството Абази.
Засега не се познати сите детали за тоа како дошло до несреќата. Надлежните органи треба да извршат увид и истрага со цел да се утврдат точните околности под кои се случил трагичниот настан.







