66-годишен жител на Неготино го загуби животот откако бил пронајден во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови.
Според информациите од СВР Велес, неговиот син пријавил исчезнување откако таткото не се вратил од риболов. Додека го барал, дел од рибарската опрема ја пронашол во реката, по што веднаш била започната потрага.
Во акцијата учествувале полициски службеници, Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица. Околу 20 часот телото на 66-годишникот било пронајдено и извлечено од реката.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.










