ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН НАСТАН ВО ВЕЛЕС: Маж пронајден починат во автомобил!

ТРАГИЧЕН НАСТАН ВО ВЕЛЕС: Маж пронајден починат во автомобил!

62-годишен жител на Велес го загубил животот во патничко возило „Сузуки“ со велешки регистарски ознаки, кое било на улицата „8 Септември“ во градот.

Според информациите од СВР Велес, случајот бил пријавен на 16 ноември, околу 17 часот. Претходно било пријавено дека на мажот му се слошило додека се наоѓал во автомобилот.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекар констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините за смртта.