ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА КРАЈ: Им се заканувал со остар предмет на сопругата и малолетниот син!

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА КРАЈ: Им се заканувал со остар предмет на сопругата и малолетниот син!

43-годишен турски државјанин со престој во Скопје бил лишен од слобода по пријава за семејно насилство, односно сомневања дека физички ги нападнал сопругата и нивниот малолетен син, а потоа им се заканувал со остар предмет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, И.Т. бил приведен на 16 ноември, во 18:40 часот, во скопската населба Бит-пазар.

Полициските службеници постапиле по претходна пријава во која било наведено дека мажот извршил физички напад врз членовите на своето семејство и им упатувал закани со остар предмет.

Од МВР информираат дека случајот се документира, по што против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.