ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Пронајдено телото на исчезнатиот турист, потрагата заврши со најлошото!

ТРАГИЧЕН КРАЈ: Пронајдено телото на исчезнатиот турист, потрагата заврши со најлошото!

Трагично заврши потрагата по германскиот турист кој исчезна во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, откако грчките власти го пронајдоа неговото безживотно тело по неколкудневна спасувачка акција.

Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека телото било пронајдено во утринските часови западно од островот Сими и по идентификацијата било потврдено дека станува збор за осмиот патник од едрилицата, кој се водеше како исчезнат.

Драмата започнала во неделата попладне, кога едрилица со осум германски туристи била забележана како неконтролирано плови по морето. Откако било утврдено дека пловилото останало без контрола, грчките власти веднаш започнале обемна спасувачка операција.

Во акцијата биле вклучени патролни бродови на крајбрежната служба, брод за операции на отворено море, како и хеликоптер „Супер Пума“, кои со часови ги пребарувале морето и крајбрежјето во потрага по исчезнатите лица.

Седум од осумте туристи биле успешно спасени. Двајца од нив успеале сами да допливаат до брегот, едно лице било забележано и спасено од рибарски чамец, додека уште четворица биле пронајдени на блискиот брег од патролен чамец на грчката крајбрежна служба.

Потрагата по последниот исчезнат турист продолжила и на море и на копно, но за жал завршила со трагичен исход. Неговото тело било пронајдено следниот ден, со што официјално заврши спасувачката акција.

Надлежните грчки служби продолжуваат да ги утврдуваат сите околности под кои едрилицата останала без контрола, како и причините што довеле до трагичниот инцидент во водите кај островот Сими.

Најнови вести