Вечерва околу 19 часот, во непосредна близина на Зелениот пазар во Тетово, беше пронајдено безживотното тело на млада девојка на возраст од 25 години. Според првичните информации, се работи за девојка од Косово, најверојатно студентка која живеела во Тетово.
Соседите кои биле сведоци на настанот изјавиле дека девојката наводно сама скокнала од зграда, што укажува на можност за самоубиство. Полицијата веднаш извршила увид на местото на трагедијата, а истрагата е во тек со цел да се утврдат сите околности околу трагичниот настан.
Телото на девојката е предадено на обдукција, која ќе ги потврди точните причини за смртта. Локалното население е потресено од немилиот настан кој вечерва го потресе Тетово.
Во моментов, полициски екипи заедно со јавниот обвинител вршат деталeн увид на местото на трагедијата во близина на Зелениот пазар во Тетово, каде што вечерва беше пронајдено безживотното тело на 25-годишна девојка од Косово.
Според информациите од терен, истражните органи внимателно ги собираат сите докази кои би можеле да помогнат во расветлување на околностите под кои настанала смртта. Засега најверојатна причина, според првичните сознанија, е самоубиство, но сите можни сценарија се разгледуваат додека трае увидот.
Според изјавите на соседите, 25-годишната девојка од Косово, чиј живот вечерва трагично заврши во Тетово, и претходно неколку пати се обидувала да си го одземе животот. Сведоците велат дека таа се соочувала со тешки психолошки проблеми и дека во минатото направила повеќе обиди да посегне по својот живот на различни начини.
Иако засега не се познати точните причини што ја навеле на ваков очаен чин, соседите тврдат дека девојката во последно време била повлечена и ретко комуницирала со луѓето во нејзината околина.
Полицијата и јавниот обвинител продолжуваат со увидот и истрагата, а точните детали ќе бидат познати по завршувањето на обдукцијата и анализата на собраните докази. Локалното население е длабоко потресено од веста за младата девојка која, според блиските, се борела со сериозни внатрешни демони.
















