ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија: Татко и 18-годишниот син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Трагедија: Татко и 18-годишниот син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила во текот на ноќта на патот Илинден – Миладиновци во Скопје. Во директен судир на две возила загинале татко и неговиот 18-годишен син, додека уште три млади лица се тешко повредени.

Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, во близина на полициската база Брест кај Меѓународниот аеродром Скопје.

Според информациите од Јавното обвинителство, директно се судриле „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од 19-годишен кумановец, и „Хјундаи и30“, зад чиј волан бил 51-годишен жител на Марино.

Од силината на ударот, 51-годишниот возач на „Хјундаи“ и неговиот 18-годишен син починале на самото место. Тешки повреди добила и 18-годишната ќерка на загинатиот возач.

Тешко повредени се и 19-годишниот возач на „Опелот“ и неговиот сопатник, исто така 19-годишник. Двајцата биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

На местото на трагедијата увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, вешто лице и екипи на МВР. Наредена е обдукција на телата на загинатите, а се преземаат дополнителни дејствија за да се утврдат точните причини и околности за несреќата.