ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Скопје: Пронајдено изгорено тело по пожарот кај Лепенец

Трагедија во Скопје: Пронајдено изгорено тело по пожарот кај Лепенец
Escape

По вчерашниот голем пожар што избувна во близина на железничката станица Ѓорче Петров, откриена е ужасна глетка – човечко тело пронајдено изгорено во целосно пеплосана штала, веднаш до останки од изгорен добиток.

Како што дознава порталот „Скопје1“ од полициски извори, станува збор за прва жртва на огнената стихија која ја зафати областа покрај реката Лепенец. Просторијата каде што било пронајдено телото се наоѓала во импровизирани објекти, кои беа опфатени од пламенот.

Министерството за внатрешни работи потврди дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а телото е дадено на обдукција за да се утврди идентитетот и точната причина за смртта.

Жителите од околните населби, кои вчера сведочеа на гаснење на пожарот од страна на неколку екипи, стравуваа дека човекот кој престојувал во шталите не успеал да се извлече – нешто што денес, за жал, се покажа како точно.

Извор: skopje1.mk

Mia Home Mavrovo