Британското Министерство за одбрана излезе со алармантни податоци кои би можеле да бидат најтешките вести досега за рускиот претседател Владимир Путин. Од почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година, според извештајот, Русија изгубила најмалку 16 генерали, што сериозно го нарушило командниот синџир и ги разниша оперативните капацитети на руската армија.
Само во последната година се елиминирани пет генерали – двајца од нив во 2025-та. Еден од нив е генерал-мајорот Михаил Гудков, кој загинал на 2 јули во украински напад врз руска командна позиција во Курск, каде предводел офанзива за воспоставување „тампон зона“ во Сумскиот регион. Но, украинските контранапади го запреле напредокот, при што Русија претрпела тешки загуби.
Британската анализа вели дека недостигот на искусни команданти води до хаос и тактички промашувања на фронтот. Дополнително, вкупниот број на руски воени жртви надминал еден милион, што отвора сериозни прашања за одржливоста на руската воена кампања и потенцијалната дестабилизација на режимот.
Според експертите, ова е најголем удар врз руското воено раководство од почетокот на војната и сигнал за можен пресврт на бојното поле.