ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Две млади лица пронајдени мртви во викендица!

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Две млади лица пронајдени мртви во викендица!
Kristal

Две починати лица се најдени во викендичка во село Горна Ѓоновица, Гостиварско, според пријавата од синоќа во ОВР Гостивар. Двајцата биле од Скопје, а при увидот не биле забележани траги на насилство.

„На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с. Горна Ѓоновица, Гостиварско, се пронајдени починати Т. Ј. (30) и И. Н. (30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово“, соопшти полицијата.

Полицијата не даде детали за причината за смртта, но најверојатно е задушување со јаглен моноксид, објави СДК.

FixCredit
Escape