ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Загина лице, деветмина повредени

ТРАГЕДИЈА: Загина лице, деветмина повредени

Едно лице го загубило животот, а девет други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на подрачјето на Удбина во Хрватска.

Според хрватската полиција, несреќата се случила кога автомобил со бугарски регистарски таблички излетал од локален пат во близина на клучката Горња Плоча на автопатот А1.

Надлежните потврдиле дека во возилото биле превезувани мигранти, а непосредно пред несреќата полицијата се обидела да го запре сомнителниот автомобил. Поради големата брзина, возилото накратко било изгубено од видик, по што полицајците наишле на местото на трагедијата.

Едно лице починало на самото место, додека деветмина патници се здобиле со повреди и биле пренесени на лекарска помош.

По несреќата, возачот избегал од местото и се сокрил во блиска шума, оставајќи ги повредените зад себе. Сепак, по брза полициска акција тој бил пронајден и уапсен.

На местото интервенирале полициски екипи, Итната медицинска помош и противпожарни служби. Во тек е истрага која треба да ги утврди сите околности на несреќата, како и идентитетот на лицата кои се наоѓале во возилото.