ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: 43-годишен маж пронајден починат

ТРАГЕДИЈА: 43-годишен маж пронајден починат

Во автосервис во Битола вчера бил пронајден починат 43-годишен маж, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, на 28 септември 2026 година во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Битола извршиле увид во автосервис на улицата „Македонска Фаланга“, каде претходно бил пронајден починат Ф.Е. (43) од Битола.

На местото пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

За случајот бил известен јавен обвинител, кој издал наредба телото на починатиот да биде предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.