Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека настанот бил пријавен завчера во 10:55 часот, кога во Одделението за внатрешни работи Гостивар пристигнала дојава за починато лице во хотелски објект во Маврово.
По пријавата, на лице место веднаш пристигнала увидна екипа, која заедно со надлежен јавен обвинител извршила деталeн увид во помошните простории на хотелот. Во една од собите наменети за сместување на персоналот, било затекнато безживотно тело на лицето В.Л. (58) од Охрид, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Лекар кој присуствувал на местото на настанот ја констатирал смртта и утврдил дека на телото нема видливи траги на насилство. Сепак, со цел целосно да се расчистат сите околности под кои настапила смртта, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, по што ќе следуваат дополнителни информации.

















