Трагичен настан се случил синоќа на автопатот Гевгелија–Велес, каде 56-годишна жена од Скопје била пронајдена почината во патничко возило покрај патот.
Случајот бил пријавен во полицијата во 19:40 часот. Во автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки била пронајдена М.Д. од Скопје, која не давала знаци на живот.
На местото веднаш била испратена екипа на Итната медицинска помош. Лекарот извршил преглед, но можел само да ја констатира смртта на жената.
Според првичните информации, на телото на починатата немало видливи траги кои би укажувале на насилство.
По пријавата, на местото на настанот извршила увид екипа од СВР Велес. За случајот бил известен и јавен обвинител.
По наредба на јавниот обвинител, телото било предадено на обдукција. Со обдукцијата треба да се утврди точната причина и околностите кои довеле до смртта на 56-годишната скопјанка.







