Триесет и осумгодишен маж од Скопје е пронајден починат во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром, информираат од МВР.
Случајот бил пријавен на 29 март во 16:47 часот во СВР Скопје. На местото бил пронајден М.К., а покрај неговото тело имало и пиштол. Лекар констатирал смрт на лице место.
Според информациите, мажот претходно, на 3 март, бил пријавен дека се оддалечил од својот дом.
Извршен е увид на местото на настанот, а по насоки на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Се очекуваат дополнителни информации кои ќе ги разјаснат околностите под кои настанал случајот.



















