ПРВ.мк
Црна Хроника

„ДУРИ И ДЕЛ ОД ТЕЛОТО МУ БИЛ ОДВОЕН“: Шокантни детали за смртта на Далибор Драгијевиќ во полициска станица

„ДУРИ И ДЕЛ ОД ТЕЛОТО МУ БИЛ ОДВОЕН“: Шокантни детали за смртта на Далибор Драгијевиќ во полициска станица

Нови вознемирувачки детали се објавени за смртта на Далибор Драгијевиќ, кој почина на 7 април 2024 година во полициската станица во Бор, за време на истрагата поврзана со исчезнувањето и убиството на малата Данка Илиќ.

Во Србија се уапсени осум полициски службеници, осомничени дека физички го малтретирале Драгијевиќ, а новите информации од обдукцискиот извештај укажуваат на насилна смрт.

Според наодите презентирани во емисијата „Пулс Србије“ на Курир телевизија, смртта настапила како последица на нарушено дишење и циркулација, предизвикани од повеќекратни повреди на меките ткива и скршеници на коските.

Во извештајот се наведува дека повредите биле нанесени со повеќекратни удари од тап предмет.

Новинарката Слаѓана Недељковиќ изнесе и особено вознемирувачко тврдење дека на Драгијевиќ му бил одвоен дел од телото.

Адвокатот Стефан Ќорда истакна дека со години биле барани одговори за околностите под кои Далибор починал во полициски притвор.

Според неговите зборови, Драгијевиќ бил жив кога бил преземен од полицијата околу 21 часот, додека Итната медицинска помош била повикана дури околу три часот по полноќ.

Недељковиќ тврди дека полицајци претходно го однеле Драгијевиќ до базен во селото Злот, каде што наводно го тепале барајќи да открие каде е скриено телото на Данка Илиќ.

Таткото на починатиот, Радослав Драгијевиќ, најавува дека нема да се откаже од борбата за правда.

Во меѓувреме, судската постапка за случајот со Данка Илиќ продолжува против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ.

Истрагата треба да утврди каква одговорност имаат осомничените полициски службеници за смртта на Далибор.