ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА КАЈ КРИТ: 22 мигранти го изгубија животот - еве уште по колку се трага!

ТРАГЕДИЈА КАЈ КРИТ: 22 мигранти го изгубија животот - еве уште по колку се трага!
Kristal

Јужно од островот Крит, Грција, се случи сериозна несреќа со мигрантски брод, при што 22 лица го загубија животот, а 26 беа спасени во опасното патување преку Средоземното Море.

Грчката крајбрежна стража информираше дека бродот со проблеми бил лоциран околу 90 километри од Јерапетра. Во спасувачката операција учествувал и бродот на агенцијата на ЕУ Frontex, кој го нашол гумениот чамец и спасил 24 мажи, една жена и еден малолетник. Дел од преживеаните биле пренесени во болница, додека останатите биле згрижени во пристаништето Калој Лименес.

Преживеаните раскажуваат дека чамецот тргнал од либискиот град Тобрук на 21 март со околу 48 лица. Патувањето траело шест дена без храна и вода, а дел од патниците починале на море, при што нивните тела биле фрлени во вода. За опасното патување мигрантите платиле меѓу 7.100 и 8.500 евра.

Грчките власти веќе уапсиле двајца осомничени криумчари од Јужен Судан, а истрагата за овој трагичен настан продолжува.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape