ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЛОТО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ: Три силни удари - загинаа 53 луѓе!

ТЛОТО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ: Три силни удари - загинаа 53 луѓе!

Индонезија денеска ја погоди низа земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на тој земјотрес бил на отворено море, на длабочина од 49 километри, во регионот Флорес.

Не е издадено предупредување за опасност од цунами.

По најјакиот потрес, следуваше низа од три нови со јачина меѓу 5,2 и 5,3 степени.

Се зголеми бројот на жртви

Во меѓувреме, индонезиските власти соопштија дека бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди истокот на Индонезија на 15 август се зголеми на 53, додека околу 5.000 луѓе се евакуирани.