ПРВ.мк
Црна Хроника

Возачот тешко повреден: Тешка сообраќајна несреќа

Возачот тешко повреден: Тешка сообраќајна несреќа

На 24 септември во делчевско се случила тешка несреќа во која 68-годишен маж се здобил со сериозни повреди откако тракторот што го управувал се превртел.

Како што информира МВР, во 09:23 часот во ОВР Делчево од Итната медицинска помош било пријавено дека нивна екипа била повикана на местото викано „Брана Петрашевец“, во атарот на селото Чифлик, за да му укаже лекарска помош на Љ.В. (68) од селото Стамер.

Според пријавеното, додека управувал трактор со делчевски регистарски ознаки, мажот изгубил контрола над возилото, по што тракторот се превртел.

Во несреќата 68-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Кочани.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Делчево.