ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА НОЌ: Вооружени напаѓачи отворија оган во локал – 17 мртви и 15 повредени

КРВАВА НОЌ: Вооружени напаѓачи отворија оган во локал – 17 мртви и 15 повредени

Најмалку 17 лица се убиени, а уште 15 се повредени во масовно пукање во локал во населбата Ведела, југозападно од Јоханесбург, во Јужноафриканската Република.

Според информациите од јужноафриканската полиција, нападот се случил во текот на ноќта, кога група вооружени лица отворила оган во објектот. По пристигнувањето на местото, екипите на Итната медицинска помош констатирале смрт кај 17 лица, меѓу кои и три жени.

Дополнително, 15 повредени лица биле пренесени во болница каде им била укажана медицинска помош.

Полицијата соопшти дека напаѓачите биле вооружени со автоматски пушки „калашников“ и пиштоли. По крвавиот напад тие побегнале, а во тек е голема полициска потрага по осум осомничени вооружени лица.

Мотивот за нападот засега не е познат. Надлежните служби во провинцијата Гаутенг работат на утврдување на сите околности и идентификување на напаѓачите.