На 12 септември во 12:23 часот во СВР Битола била пријавена сообраќајна незгода на крстосницата меѓу улиците „Солунска“, „Димо Хаџи Попов“ и „Михајло Бојаџиев“ во Битола.
Во незгодата учествувале патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ќ. (26) од Битола, и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Л. (22) од село Кравари, битолско.
По судирот, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на сообраќајната незгода извршила увидна екипа на СВР Битола.







