Во тешка сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во селото Лопате, кумановско, тешко телесно бил повреден 50-годишен велосипедист.
Според пријавеното во СВР Куманово, несреќата се случила на 25 септември 2026 година, околу 22:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки и велосипед.
Со автомобилот управувал 15-годишник од село Лопате, додека велосипедот го управувал И.Х. (50), исто така од селото.
Во судирот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Куманово.
За сообраќајната несреќа бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Надлежните продолжуваат со утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.







