Синоќа во Крњево, во општина Велика Плана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина возач на автомобил откако во неговото возило удрил воз на пружен премин.
Според првичните информации, несреќата се случила во 22.20 часот, кога возачот на автомобил „форд“ на возраст од 36 години не застанал на пружен премин кој нема рампа, но е обележан со знак „СТОП“.
Пожарникари го извлекле безживотното тело на мажот од смачканиот автомобил, а екипа на Итна медицинска помош само констатирала смрт.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а наложена е и обдукција на телото на загинатиот, кој бил жител на Крњево.






