Тажна вест ја потресе македонската туристичка јавност. Почина Весна Филипова, сопственичка и основачка на туристичката агенција „Весна Турс“.
Од агенцијата со емотивна порака се простија од својата долгогодишна директорка.
„Со длабока тага и неизмерна болка ве известуваме дека нè напушти нашата директорка Весна Филипова, сопственичка и основач на една од првите туристички агенции во Македонија – ‘Весна Турс’. Нејзината посветеност, човечност и љубов кон работата ќе останат засекогаш во нашите срца“, се наведува во објавата.
Особено тажен е фактот што, според објавите на социјалните мрежи, Филипова починала по кратко боледување токму на денот на својот роденден.
„Весна Турс“ е основана во 1992 година со седиште во Кочани, а во 2004 година агенцијата отворила и деловна единица во Скопје. Во текот на повеќе од три децении Филипова оставила значајна трага во туристичкиот сектор.
Последна почит ќе ѝ биде оддадена во петок, 4 септември 2026 година, на Градските гробишта во Кочани. Во капелата ќе може да се оддаде почит од 12:00 до 14:00 часот.
Нека почива во мир.







