ПРВ.мк
Црна Хроника

Македонија згрозена од случајот: 21-годишна жена пријавила брутален напад од сопругот

Македонија згрозена од случајот: 21-годишна жена пријавила брутален напад од сопругот

Дваесет и седумгодишен скопјанец е лишен од слобода по сериозна пријава од неговата 21-годишна сопруга, која тврди дека најпрво била физички нападната во нивниот дом, а потоа однесена во шумски предел во скопско.

Според информациите од МВР, на 1 септември во 20:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Љ.Ф.Д. (27) од Скопје.

Неговата сопруга претходно пријавила дека тој физички ја нападнал во семејниот дом.

Според пријавеното, нападот не завршил таму. Жената навела дека сопругот потоа ја однел во шумски предел во скопско, каде што ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.

Полицијата го лишила од слобода 27-годишникот, а се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Од МВР информираат дека по комплетирањето на постапката против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Станува збор за пријавени наводи, а правната одговорност на осомничениот ќе се утврдува во понатамошната постапка.