ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот министер и пратеник

ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешниот министер и пратеник

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.

Тажната вест ја објави порталот „Рома Прес“, од каде што упатија последен поздрав и искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.

Ибраимовски со години беше активен на македонската политичка сцена, предводејќи ја ПЦЕР и застапувајќи ги интересите на ромската заедница.

Во текот на својата политичка кариера извршуваше повеќе значајни функции, меѓу кои пратеник во Собранието, министер без ресор, како и директорски позиции во јавниот сектор.

Неговиот политички ангажман беше насочен кон унапредување на правата, застапеноста и општествената положба на Ромите во Македонија.

„Денес нè напушти човек кој остави свој белег во политиката“, се наведува во прошталната порака објавена од „Рома Прес“.

Засега не се соопштени официјални информации за причините за неговата смрт.