ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖНА ВЕСТ ВО МАКЕДОНИЈА: ПОЧИНА ЦЕНЕТ ПРОФЕСОР!

ТАЖНА ВЕСТ ВО МАКЕДОНИЈА: ПОЧИНА ЦЕНЕТ ПРОФЕСОР!
Kristal

Американскиот универзитет на Европа – ФОН со длабока тага ја објави смртта на својот професор, д-р Самир Салиевски, оставувајќи голема празнина во академската заедница.

Од универзитетот истакнуваат дека Салиевски бил високо ценет колега и значаен дел од образовниот процес, познат по својата стручност, посветеност и професионален ангажман. Неговото знаење и посветеност значително придонеле кон развојот на високото образование и оставиле траен белег кај студентите и колегите.

„Неговата професионалност, интегритет и човечност ќе останат во сеќавањата на сите кои имаа привилегија да соработуваат со него. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, блиските и пријателите. Нека почива во мир, а неговото дело нека продолжи да живее“, се вели во соопштението од ФОН.

Д-р Салиевски ќе остане запаметен како човек кој со знаење, труд и човечност остави неизбришлив печат во срцата на многу студенти и професионалци. Неговата посветеност кон образованието и академската етика ќе продолжи да инспирира идни генерации.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo