ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЖЕН СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС: 59-годишен маж пронајден без знаци на живот во автомобил!

ТАЖЕН СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС: 59-годишен маж пронајден без знаци на живот во автомобил!

59-годишен жител на Велес бил пронајден починат во својот автомобил „Фолксваген Голф“, паркиран на улицата „Благој Ѓорев“ во градот.

Случајот бил пријавен во СВР Велес на 2 септември, во 10:12 часот, по што на местото била упатена екипа од Итната медицинска помош.

Лекарот кој пристигнал на локацијата констатирал смрт кај 59-годишниот К.К. Според првичните информации, при прегледот не биле забележани траги на насилство.

По пријавениот случај, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, која ги презела потребните дејствија за утврдување на околностите под кои дошло до смртта.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Со обдукцијата треба да се утврдат дополнителни околности и причината за смртта.

Надлежните институции продолжуваат со постапувањето по случајот.