ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА НА ЛЕТУВАЊЕ ВО ШПАНИЈА: Турист тешко повреден откако 84-годишна жена удрила во него - итно пренесен во болница за ампутација на ногата!

ДРАМА НА ЛЕТУВАЊЕ ВО ШПАНИЈА: Турист тешко повреден откако 84-годишна жена удрила во него - итно пренесен во болница за ампутација на ногата!

Српскиот државјанин Јован П. е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на Аликанте во Шпанија, кога во него удрило возило со кое управувала 84-годишна локална жителка.

Информација за оваа сообраќајна несреќа засега нема во шпанските медиуми, а според пишувањата на „Телеграф.рс“, шестмина младичи од Србија изнајмиле два автомобили за да го обиколат брегот во околината на Аликанте.

До несреќата дошло кога возилата накратко застанале покрај патот.

Младиот Јован П. излегол од автомобилот и пришол до багажникот за да земе реквизити за плажа. Во тој момент, 84-годишната жена од засега неутврдени причини изгубила контрола врз своето возило, скренала кон паркираните автомобили и директно удрила во младичот и во задниот дел од возилото.

Екипата на Итната помош му пружила прва помош на повредениот на лице место, по што тој бил пренесен во најблиската локална болница. Поради сериозноста на повредите, лекарите донеле одлука за итен транспорт во Клиничкиот центар во Валенсија.

По приемот во болницата во Валенсија, здравствената состојба на Јован П. е стабилизирана. Младичот се наоѓа под постојан медицински надзор и е надвор од животна опасност.

Според информациите на медиумот, на младичот му била ампутирана ногата.