Педесетгодишен маж и неговиот 20-годишен син од Велес се лишени од слобода по пријава за физички напад врз 22-годишен член на нивното семејство.
Според информациите од МВР, на 1 септември во 13:10 часот полициски службеници од СВР Велес ги привеле Н.С. (50) и М.С. (20), двајцата од Велес.
Претходно, 22-годишен велешанец пријавил дека бил пресретнат од својот татко Н.С. и братот М.С.
Според пријавеното, таткото во еден момент физички го нападнал 22-годишникот, а потоа против негова волја го внел во возило. Нападот, како што навел пријавителот, продолжил и во автомобилот.
По интервенцијата, двајцата биле задржани во полициска станица. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.







