Вчера во 12:30 часот во СВР Велес, 37-годишен маж од Велес пријавил дека е жртва на постојано следење, несакана комуникација и вознемирувачки дејствија од неговата поранешна сопруга, Н.Т. од Скопје.
Од страна на СВР Велес е известен јавен обвинител, а полициските службеници преземаат соодветни мерки и активности за целосно расчистување на овој настанат случај.







