ПРВ.мк
Црна Хроника

Тага наместо прослава: Се откажува дочекот на Новата година по трагична смрт

Тага наместо прослава: Се откажува дочекот на Новата година по трагична смрт
Kristal

Новогодишната атмосфера во Македонска Каменица годинава ќе изостане. Општината официјално ги откажа новогодишниот дочек и сите планирани празнични настани, откако беше прогласена тридневна жалост поради смртта на младата сограѓанка Симона Каранфиловска.

Одлуката беше донесена на седница на Советот на Општина Македонска Каменица, а јавноста ја соопшти градоначалничката Соња Стаменкова. Таа информираше дека деновите 30 декември 2025, 31 декември 2025 и 1 јануари 2026 година официјално се прогласуваат за денови на жалост на територијата на општината.

Во тој период, како што е наведено во одлуката, целосно се одлагаат сите настани од забавен и свечен карактер поврзани со новогодишните празници. Дополнително, државните знамиња поставени пред јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје, како симбол на почит и сочувство.

Инаку, за новогодишната ноќ беше најавена богата програма, а главна ѕвезда на дочекот требаше да биде Антониа Гиговска. Покрај концертот, беа планирани и повеќе празнични содржини во текот на последните денови од годината, кои сега се целосно откажани.

Од локалната самоуправа упатија порака за солидарност и достоинство, нагласувајќи дека во вакви моменти човечката загуба е поважна од секоја прослава. Градот ќе ја испрати старата година во тишина, со почит кон животот што прерано згасна.

FixCredit
Escape