ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ВЕСТ: Авион со 11 патници исчезна - еве каде се пронајдени остатоците!

СТРАШНА ВЕСТ: Авион со 11 патници исчезна - еве каде се пронајдени остатоците!
Kristal

Авион од типот ATR 42-500, сопственост на индонезиското Министерство за поморство и рибарство, исчезнал од радарите во близина на градот Макасар, при што на летот се наоѓале вкупно 11 лица – осум членови на екипажот и тројца патници.

Според информации од локалните медиуми и системите за следење на воздушниот сообраќај, контактот со леталото бил изгубен околу 13:17 часот по локално време. Подоцна, на планински терен во близина на локацијата каде што исчезнал сигналот, наводно биле забележани остатоци од авионот.

Од сервисот Flightradar24 потврдија дека авионот исчезнал од нивните радари, наведувајќи дека летал на мала висина над океанот, што значително ја ограничило радарската покриеност. Последниот сигнал бил регистриран во 04:20 UTC, на приближно 20 километри североисточно од аеродромот Макасар.

„Ги следиме извештаите дека авионот ATR 42-500 со регистрација PK-THT исчезнал во Индонезија. Поради ниската висина на летот, нашата покриеност беше ограничена, а последниот сигнал е забележан во близина на Макасар“, соопштија од Flightradar24.

Според достапните податоци, леталото се приближувало кон аеродромот Макасар и претходно добило инструкции од контролата на летање за маршрутата на приод.

На социјалните мрежи веќе кружат видеа и фотографии за кои се тврди дека прикажуваат запалени остатоци на планински предел, во близина на врвот Булу Сараунг, но нивната автентичност засега не е официјално потврдена.

Индонезиските власти сè уште немаат потврда за пад на авионот. Раководителот на операциите на агенцијата за потрага и спасување во Макасар, Анди Султан, изјави дека спасувачки екипи се веќе испратени на терен, а истрагата е во тек.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo