Шумски техничар вработен во ЈП „Национални шуми“ бил физички нападнат додека извршувал службени задачи во село Почивало, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 16 јануари 2026 година во 20:24 часот во СВР Штип, А.С. (59) од село Почивало пријавил дека околу 19:00 часот, додека се наоѓал во објектот познат како „Шумска куќа“ во истото село, бил нападнат од Ф.У. (31), исто така од Почивало.
При инцидентот, напаѓачот не само што физички го нападнал шумскиот техничар, туку ја оштетил и влезната врата од објектот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а по неговото документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















