На 17.01.2026 во 10:37 часот, до Територијалната противпожарна единица Велес пристигнала дојава за пожар во хала на свињарската фарма АГРИА во Горно Чичево.
На лице место излегле 2 противпожарни возила и 5 пожарникари спасители. По пристигнувањето, пожарот бил во развиена фаза во кровната конструкција, но благодарение на брзата реакција, пожарот бил ликвидиран и спречен да се прошири кон другите хали.
Во интервенцијата нема повредени, но е причинета материјална штета.
Граѓаните се повикуваат веднаш да пријават секој забележан пожар на бесплатните телефонски броеви: ☎️ 112 или ☎️ 193

















