Спортска обложувалница во едно село на подрачјето на Струга била мета на вооружен грабеж синоќа, непосредно пред полноќ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, на 16 јануари 2026 година околу 23:00 часот, во ОВР Струга било пријавено дека две маскирани лица, од кои едното било вооружено, влегле во објектот и со закани кон вработените одзеле парична сума, по што избегале од местото на настанот.
Повредени лица нема пријавено, а износот на одземените пари засега не е соопштен.
Полицијата презема интензивни мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителите, како и за целосно расчистување на случајот.

















