ПРВ.мк
Спорт

Лазаров со порака: Португалија е фаворит, но ние ќе го промениме тоа!

Лазаров со порака: Португалија е фаворит, но ние ќе го промениме тоа!
Kristal

По поразот од Данска, македонската ракометна репрезентација го насочува фокусот кон следниот предизвик – дуелот со Португалија, кој следува на Светското првенство.

На утринската средба со новинарите, селекторот Кирил Лазаров истакна дека Португалија е силен противник со високи амбиции, но потенцираше дека Македонија има своја шанса.

– Португалија е квалитетна селекција и јасно е дека дојдоа на првенството со цел да се борат за медал. Сепак, не се на нивото на Данска. За нас најважно е да одиграме подобро отколку во претходниот натпревар. Сите посакуваме изненадување – тие се фаворити, но ние ќе се обидеме да им ги расипеме сметките. Цела ноќ ги анализирам, изјави Лазаров.

Македонските ракометари натпреварот од второто коло ќе го одиграат утре (недела) од 18:00 часот во Хернинг, со надеж за подобро издание и позитивен резултат.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo