ПРВ.мк
Црна Хроника

Саитов избегал со помош на маж и жена во оваа држава – деталите се шокантни!

Саитов избегал со помош на маж и жена во оваа држава – деталите се шокантни!
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена, кои како соизвршители се товарат за помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик.

Според обвинението, на 9 јануари, обвинетите умислено му помогнале на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна несреќа, да избега од земјата.

Со автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, обвинетите дошле до домот на осомничениот веднаш по несреќата, го земале заедно со неговиот татко и го пренеле преку граничниот премин Табановце во Република Србија. Таму го оставиле, а потоа се вратиле во земјава околу полноќ.

Јавниот обвинител предложи продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

Осомничениот за сообраќајната несреќа со смртни последици сè уште е недостапен на органите на прогонот, а по него трага полицијата врз основа на издадената меѓународна потерница.

Обвинителството исто така презема дејствија за испитување на евентуална одговорност и на други лица поврзани со овој настан.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo