ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Tатко и две деца загинаа по експлозија на плинска боца!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Tатко и две деца загинаа по експлозија на плинска боца!

Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во пожар што избувнал во станбена зграда во Малишева, Косово.

Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен околу 12:55 часот во населбата „Мирдита“, по што на местото веднаш пристигнале полициски екипи, пожарникари и служби за итна помош.

Во објектот биле пронајдени едно возрасно лице и две деца – девојче и момче. Тие биле пренесени во Центарот за семејна медицина во Малишева, каде што лекарите констатирале смрт.

Пожарот бил локализиран, а според првичните информации од медиумите, причината за трагедијата е експлозија на плинска боца. Жртвите биле на возраст од 9, 12 и 35 години.

Надлежните институции работат на целосно утврдување на причините за несреќата.