ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН СУДИР: Прегазена велосипедистка во Скопје - ова е нејзината состојба!

СТРАШЕН СУДИР: Прегазена велосипедистка во Скопје - ова е нејзината состојба!
Kristal

Велосипедистка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на подрачјето на Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на 21 март 2026 година околу 15:20 часот, на крстосницата меѓу улиците „Народен фронт“ и „Јуриј Гагарин“. Во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Ш.Б. од село Крушопек, и велосипед управуван од 27-годишната Е.Ш. од Гевгелија.

Велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo