ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Конструкција падна врз жена - ова е нејзината состојба!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Конструкција падна врз жена - ова е нејзината состојба!

Сериозна сообраќајна несреќа се случила околу 11:15 часот во белградската населба Калуѓерица, во улицата Војводе Степе Степановиќа, кога камион удрил во автобуска постојка.

Според првичните информации, во моментот на несреќата на постојката се наоѓала постара жена, која се здобила со повреди откако врз неа паднала конструкцијата на станицата.

Повредената жена е пренесена со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар, каде ѝ е укажана лекарска помош.

Полицијата изврши увид на местото на настанот и работи на утврдување на околностите под кои дошло до несреќата. Засега не е познато што точно довело до тоа камионот да удри во автобуската постојка.