ПРВ.мк

Спасен сподели случка со Андреј: БАТКО СПАСЕН ЧУВАЈ МИ МАСИЧКА ЌЕ ТИ ДОЈДАМ ВЕЧЕР, ДОЈДЕ И ГО ЗЕДЕ МИКРОФОНОТ (ВИДЕО)

Спасен сподели случка со Андреј: БАТКО СПАСЕН ЧУВАЈ МИ МАСИЧКА ЌЕ ТИ ДОЈДАМ ВЕЧЕР, ДОЈДЕ И ГО ЗЕДЕ МИКРОФОНОТ (ВИДЕО)
VERO Banner

Андреј Ѓоргиески од бендот ДНК го загуби животот во трагичната несреќа во пожарот во дискотеката во Кочани, спасувајќи други животи.

По трагедијата која ја потресе Македонија неговите пријатели се збогуваат на социјалните мрежи.

Пејачот Спасен Силјановски со емотивна објава на социјалните мрежи раскажа случка со Андреј. Објавата ви ја пренесуваме во целост:

“Ми се јави на телефон и ми вели: Батко Спасен чувајми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе….Јас му одговарам: Абе брат шо бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот. Ти од Кичево, а јас од Дебар, ние мора да се држиме и да се помагаме…Така и бидна, вечерта се појави во ресторанот, го замолив да ни испее нешто од неговиот репертоар. Без двоумење го зеде микрофонот и ги дигна сите на нозе. Е тоа беше тој Андреј. Човек во вистинска смисла на зборот. Другар, искрен, чесен, патриот, хуманитарец. Беше херој и замина како херој.”, стои во објавата на Спасен Силјановски.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран