Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави МИА.
Според информациите, станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина.
Воениот авион од Атина полета за Скопје околу 22:30 часот по локално време, а откако ќе ги преземе повредените, веднаш ќе се врати на воениот аеродром во грчката престолнина.
На ист начин синоќа беа пренесени тројца повредени, на возраст од 22 до 24 години, кои се згрижени во Општата воената болница 401 и се во релативно добра состојба.
Со четворицата кои во Атина ќе пристигнат во текот на ноќта, вкупниот број на пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Грција ќе изнесува 12 – петмина во Солун (тројца во болницата Папаниколау, двајца во воената болница 424) и седуммина во воени болници во Атина.