ПРВ.мк

Љупчо Зиков: Владата навистина се справува со трагедијата во Кочани, резултати за само 48 часа, полицијата докажа дека ги чисти и сопствените редови

Љупчо Зиков: Владата навистина се справува со трагедијата во Кочани, резултати за само 48 часа, полицијата докажа дека ги чисти и сопствените редови
VERO Banner

Во вечерашното издание во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше Љупчо Зиков, поранешен директор од редовите на СДСМ. Тема на разговор беше трагедијата во Кочани и тој истакна дека се случува во време кога навистина има Влада и додаде:

Сакам да се согласам со Зоран Димитровски за тоа како институциите работат деновиве. Значи можело Јавното обвинителство да работи очигледно, направија тим, мислам 9 јавни обвинители во тимот, таму се во Кочани цело време, патуваат, работат тимски и еве резултат за 48 саати и тоа добар. Втора работа полицијата очигледно ревносна е во овој случај, денес докажува дека ги чисти и сопствените редови, истакна Зиков.

Тој во текот на емисијата оддаде и признание до институциите.

„Во секој случај сакам да оддадам признание особено на Јавното обвинителство, околу здравството ќе кажам дека добро се држи здравството“, вели Зиков.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран