Георги Величков, еден од жртвите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, херојски се враќал во објектот неколку пати, обидувајќи се да спаси што повеќе деца, пред да се сруши покривот над него.
Близок роднина на Величков открива потресни детали за неговата смрт.
Тој бил дел од групата која го славела раѓањето на дете и неколку пати се враќал во дискотеката за да извлече луѓе од огнот. Последниот пат, кога влегол повторно во објектот, се случила трагедијата – паднал покривот и го удрило струја. Неговиот татко го препознал по бурмата што ја носел. Георги зад себе остави двомесечно дете.
Овој шокантен настан беше раскажан од негов роднина за „Информер“.