СВР Тетово поднесе кривични пријави против тројца жители на Тетово поради сомнение дека учествувале во физичка пресметка, при што едниот од нив употребил и остар предмет.
Станува збор за А.Х. (23), Г.И. (46) и И.И. (25), сите од Тетово, против кои се поднесени пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил на 12 декември 2025 година, во близина на угостителски објект во тетовското село Камењане.
На настанот му претходело недоразбирање во сообраќајот, по што ситуацијата ескалирала во физичка пресметка меѓу тројцата пријавени.
Во текот на пресметката, според пријавата, првопријавениот А.Х. употребил остар предмет и му нанел повреди на второпријавениот Г.И.
Полицијата против тројцата тетовци поднела соодветни кривични пријави поради сомнение за „насилство“ и „предизвикување општа опасност“.








