ПРВ.мк
Црна Хроника

СКАНДАЛ ВО КИЧЕВО: Му дале алкохол на ДЕТЕ, па завршило во болница - кафулето ќе си сноси последици!

СКАНДАЛ ВО КИЧЕВО: Му дале алкохол на ДЕТЕ, па завршило во болница - кафулето ќе си сноси последици!

Во угостителски објект во Кичево се случил инцидент во кој малолетник од селото Србица бил послужен со алкохолен пијалак, по што му се влошила здравствената состојба.

Случајот бил пријавен во ОВР Кичево на 2 октомври 2026 година околу 23:45 часот. Откако му се слошило, малолетникот бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му била укажана медицинска помош.

Полицијата го истражува случајот и работи на утврдување на сите околности поврзани со послужувањето алкохол на малолетното лице.

По целосното расветлување и документирање на настанот, против угостителскиот објект, односно правниот субјект, и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести